Animal spirit: Како човечката психологија ја движи економијата…

scan00013

Прилог кон книгата:”Животински дух (animal spirit): Како човечката психологија ја движи економијата и зошто е тоа битно за глобалниот капитализам ” од Џорџ Акерлоф и Роберт Шилер

Во напливот на растечката популарност на бихејвиоралната економија ова е најновата книга која произлегува од едно поинакво гледање за тоа како може да се опише економијата. Акерлоф, нобеловецот на Универзитетот Беркли и творец на теоријата за асиметрична информација во процесите на преговарање и Шилер, од Универзитетот Јеил во неа илустрираат неколку различни аспекти на психологијата и анализираат како истите влијаат врз економските одлуки. Водечка теза во книгата е дека во модерната економска теорија постои потценување на улогата на феномените на психологијата како што се: довербата, правичноста, корупцијата, паричната илузија и склоноста кон едноставни приказни. На пр. етимолошки ‘кредит’ потекнува од латинскиот ‘credo’, што значи ‘верувам’. И не е ни чудо што кредитната криза се разбира и како криза на довербата. Оттаму авторите кои ја објавија книгата во време кога луѓето во многу го преиспитуваат нивното гледање на економијата објаснуваат зошто игнорирањето за тоа како функционира економијата од овој аспект води до сегашната состојба во светската економија, со пад на кредитните пазари и закана за колапс на реалната економија.

Ортодоксната економска теорија претпоставува дека луѓето низ бројните трансакции кои ја обликуваат економијата се пред сé рационални, широко информирани и без емоции. Но оваа теорија потфрли во тоа да ја предвиди сегашната криза. Односно малку успева да ја објасни еуфоријата следена од песимизам, а која се рефлектира низ големи амплитуди во економијата, нејзин огромен раст и нагло паѓање, поточно преголема доверба следена од преголем пад во довербата. Оној елемент кој недостасува во моделите на економистите е всушност тој животински дух (animal spirit). Луѓето некогаш се ирационални, кусогледи, или злобни. Некогаш делуваат само за да делуваат. Некогаш имаат неекономски мотиви за делување, како што се чест, правичност, фер настап. Џон Мајнард Кејнз бил прв во економијата кој упатува на овие феномени кои влијаат врз одлуките на актерите во економијата. Според Кејнз деловните одлуки не секогаш се така рационални како што диктира базичната економската теорија. Во модерната економија, наспроти базичното значење за ‘spiritus animalis’ како основна ментална енергија и животна снага, овој термин добил нешто поинакво значење. Тој сега е економски термин кој се однесува на нетрпеливиот и неконзистентен елемент во економијата. Односно, упатува на нашиот необичен однос со нејасноста и двосмисленоста или несигурноста. Понекогаш сме парализирани од тоа. Во други случаи тој повторно носи свежина и дава снага и води кон надминување на стравовите и кусокот на одлучност. Така и авторите Акерлоф и Шилер го препознаваат значењето на овие феномени и наместо да ги подметнуваат под тепих ги поставуваат на одредено средишно место во својот концепт.

Тие се обраќаат кон креаторите на економските политики и регулативи и гледаат излез од глобалната криза низ институциите на државата. Понатаму, тие упатуваат на неопходност од потребата за препознавање дека капитализмот мора да живее со одредени правила. Односно, сеопфатното гледање на економијата со сите животински духови одредува зошто државата е таа која мора да ги постави овие правила. Во класичната економска теорија постои целосна вработеност. Но во гледањето на Акерлоф и Шилер брановите на оптимизам и песимизам предизвикуваат широки амплитуди на промени во побарувачката. Бидејќи платите најмногу се определуваат врз основа на принципот на правичност, промените во смисла на пад на побарувачката не предизвикуваат пад на платите, ами пораст на невработеноста. Според Акерлоф и Шилер улога на државата е да ги амортизира овие промени. Во понатамошната анализа, според авторите, капитализмот не им продава на своите граѓани она што навистина тие сакаат, туку им продава она што тие мислат дека сакаат, односно си дозволуваат да купуваат нешта кои не можат да си го дозволат. Рефлектирано на финансиските пазари ова предизвикува неумереност и банкротства кои водат до општ пад на економијата. А ваквите процеси се управувани од едноставни приказни. Приказни кои луѓето си ги раскажуваат меѓу себе, за себе, за тоа како другите се однесуваат и дури како економијата во целост влијае на нивното однесување. Овие приказни не се стабилни и се менливи по однос на време. Тоа е место каде државата треба да одигра суштествена улога, односно да ги постави условите во кои човековите животински духови може креативно да се ожнеат во служба на повисоки цели.

Авторите се обраќаат како на економската, но и на широката публика и се обидувaaт да дадат одговор на прашањето како функционира економијата. Точното и прецизно гледање на економијата е неопходно на лично ниво сé со цел да се донесат правилни индивидуални одлуки – за тоа колку да заштедиме, колку и каде да инвестираме, која куќа, односно автомобил да го купиме. Од друга страна јасното и прецизно гледање за тоа како економијата функционира е далеку посуштествено кога се носат јавни одлуки.

Во време кога луѓето итно трагаат по одговори на многу прашања врзани за глобалната економска криза Animal Spirits нуди насоки за преобраќање на финансиската неволја која денес нé обзема. Тоа е четиво кое ги учи лидерите на тоа како може да го канализираат анималниот дух – моќниот двигател на човековата психологија кои се случуваат во светската економија како во минатото, така и денес.

Тереза Серафимова, консултант за човечки ресурси, психијатар

Како да се плови по немирно море?

Се употребија сите алатки на семантиката за да се опише извонредната состојба во којашто се најде светската економија. По многу се разликува од сличните состојби во историјата, а веројатно најмногу по длабочината и комплексноста. За Македонија ова ќе биде прва посериозна рецесија со која таа се соочува во пост-социјалистичкиот период.

Повеќе

На Европа и на светот им треба координиран настап

Верица Хаџи Василева-Марковска

Финансиската криза уште еднаш ја стави на тест способноста на Европа да дејствува единствено (или барем координирано). Финансиските стручњаци сметаат дека е подобро да се дејствува координирано на ниво на цела Европа, затоа што ефектот на мерките така би бил поголем. Штетноста на унилатералното дејствување ја нагласи и шефот на ММФ Штраус-Кан. И навистина, во неделата која ќе остане запаметена по најголемиот број на индивидуални мерки за спасување на банки и финансиски институции, пазарите покажаа рекорден пад…

Повеќе

Глоблната криза може да има и друго лице: таа дава можност за размислување – и поинакво позиционирање!

Верица Хаџи Василева-Марковска

Октомври нема многу добра репутација кај пазарите на капитал. Многу финансиски кризи почнале или се продлабочиле во октомври. Така беше и големата депресија од 1929-тата година, кога на 24 октомври (црниот четврток) почна најголемиот пад на пазарот и кога последователно се случија и црниот понеделник и црниот вторник. Имаше и други црни денови во октомври, на пример 19 октомври 1987 година, кога се случи најголемиот дневен пазар на берзата.

Таков беше и овогодишниот октомври, што со олеснување го испративме, и којшто веројатно ќе влезе во историјата со неколку неславни рекорди за финансиските пазари. Еве некои од нив: најголем месечен пад на индексот Дау Џонс Индастриал Авериџ (14%) од рецесијата во 1987 година; пазарите растеа остро нагоре и паѓаа стрмоглаво надолу, покажувајќи дневна нестабилност која според многу карактеристики е најголема дури од времето на 1929 година; најголеми збирни падови на капитализациите на светските берзи од неверојатни илјадници милијарди долари; најголем пад на пазарите на земјите во развој од кризата во Русија во 1999 година; најголем месечен пад на цената на нафтата од 1983 година; значително паднаа и регионалните берзи достигнувајќи нивоа што ги имале од пред многу години, итн., итн.

Повеќе

Проверете ја валканата вода што сакате да ја исфрлите: да не го фрлите и бебето!

Верица Хаџи Василева-Марковска, партнер, ААГ

Веќе петта недели финансиската криза не се симнува од врвните вести на речиси сите светски медиуми. Светската економија поминува низ рецесија, чијшто длабочина е најголема по Големата светска депресија од триесеттите години на минатиот век. Неколку работи се јасни: рецесијата нема да биде иста како претходната или претходните; никој не се осудува да предвиди како ќе изгледа нејзиниот тек, ниту колку време ќе трае; светската економија ќе биде различна по излегувањето од рецесијата…

Повеќе

Личноста и финансиското управување

Др. Роберт Хоган е автор на овој текст и основач на Хоган Асесмент Системс за чии производи на проценка на личност ААГ Комуникации е овластен дистрибутер за Македонија

Луѓето во светот на финансиите тежнеат да не обрнуваат премногу внимание на на личноста. Постојат бројни податоци кои го поддржуваат овој генерализиран став. Но, од личноста зависат одлуките кои ги носат финансиските менаџери. Успехот или неуспехот на секоја организација е всушност сума на одлуки кои лидерите ги прават на дневна основа. Несомнено е дека успехот на организацијата во многу зависи од личноста на лидерите. Земето го примерот на Lehman Brothers, 150 години стара инвестициска банка на Wall Street со 25,000 вработени ширум светот. Таа беше четврта најголема банка во светот и објави банкротство на 15 септември, 2008…

Повеќе

Раздолжување е новиот слоган на глобалната финансиска заедница!

Верица Хаџи Василева-Марковска, партнер ААГ

Светските финансиски пазари здивнаа. Драмата на светските берзи во Конгресот во САД од последните три недели во пеокотот доби завршница – барем на една важна епизода.

Претседателот на САД, Џорџ Буш во петокот, на 3-ти Октомври, го потпиша Законот за итна економска стабилизација, неполни два часа откако Конгресот го изгласа. Нетрпеливоста на целата финансиска (и не само финансиска) публика да го добие овој закон беше подгреана особено откако во понеделникот Конгресот го одби првиот негов текст. Пазарот реагираше панично. Индексот Дау Џонс на 29-ти септември падна за рекордни 777 поени, а значително паднаа и берзите во Европа, Австралија и Јапонија…

Повеќе

Извозот, увозот и конкурентноста на македонската економија

Верица Хаџи Василева-Марковска – ААГ
Ванчо Узунов - ААГ

Темата за извозот и увозот во Македонија, особено кога таа ќе се поврзе и со темата за конкурентноста на македонската економија, остануваат секогаш актуелни и интересни за анализирање. Уште повеќе, тие не само што се интересни како теми туку, секој искрен и современ економист ќе се согласи, дека истите се и пресудно значајни за развојот на Македонија. Да, особено бидејќи станува збор за мала економија, тука речиси и да нема друг лост кој може да го повлече и да го стави на трајно одржливи основи економскиот прогрес. Од друга страна, пак, некои податоци покажуваат дека нешто, навидум битно и квалитетно, се случува кај извозот и увозот во Македонија. Имено, во последните неколку, а особено во последните 5-6 години, се следи една тенденција на релативно брз пораст на македонскиот извоз и увоз. Искрено, ама и без преголема аналитика – тоа звучи добро и охрабрувачки! Конечно сме успеале?!…

Повеќе

Челикот и металите ја повлекоа економијата напред

Верица Хаџи Василева Марковска и Ванчо Узунов, партнери, ААГ

Дискусиите околу порастот на бруто општествениот производ (БДП) и колку е тој одржлив на подолг период, е тема која ја предизвикува љубопитноста и нагонот за анализа. Да тргнеме од почеток. Што говорат цифрите и тенденциите јавно изнесени пред некое време?…

Повеќе

Зошто во Македонија не се оформија инвестициски фодови?

Верица Хаџи Василева-Марковска, партнер, ААГ

Инвестициски фондови се специјализирани установи кои вршат колективно прибирање на средства со цел нив да ги инвестираат во хартии од вредност, или други финансиски инструменти.

Значењето на инвестициските фондови е дека се тие многу успешни во прибирањето на релативно ситниот капитал од страна на правни и физички лица, и тој капитал потоа го инвестираат во внимателно одбрано портфолио на инвестиции, во основа хартии од вредност. За разлика од малите приватни инвеститори, фондовите се сметаат за информирани инвеститори, затоа што знаат повеќе за функционирањето на финансиските и пазарите на капитал и затоа што се управувани од професионални менаџери…

Повеќе