Archive for 'Глобална Финансиска Криза'

Како да се плови по немирно море?

Се употребија сите алатки на семантиката за да се опише извонредната состојба во којашто се најде светската економија. По многу се разликува од сличните состојби во историјата, а веројатно најмногу по длабочината и комплексноста. За Македонија ова ќе биде прва посериозна рецесија со која таа се соочува во пост-социјалистичкиот период.

Повеќе

На Европа и на светот им треба координиран настап

Верица Хаџи Василева-Марковска

Финансиската криза уште еднаш ја стави на тест способноста на Европа да дејствува единствено (или барем координирано). Финансиските стручњаци сметаат дека е подобро да се дејствува координирано на ниво на цела Европа, затоа што ефектот на мерките така би бил поголем. Штетноста на унилатералното дејствување ја нагласи и шефот на ММФ Штраус-Кан. И навистина, во неделата која ќе остане запаметена по најголемиот број на индивидуални мерки за спасување на банки и финансиски институции, пазарите покажаа рекорден пад…

Повеќе

Глоблната криза може да има и друго лице: таа дава можност за размислување – и поинакво позиционирање!

Верица Хаџи Василева-Марковска

Октомври нема многу добра репутација кај пазарите на капитал. Многу финансиски кризи почнале или се продлабочиле во октомври. Така беше и големата депресија од 1929-тата година, кога на 24 октомври (црниот четврток) почна најголемиот пад на пазарот и кога последователно се случија и црниот понеделник и црниот вторник. Имаше и други црни денови во октомври, на пример 19 октомври 1987 година, кога се случи најголемиот дневен пазар на берзата.

Таков беше и овогодишниот октомври, што со олеснување го испративме, и којшто веројатно ќе влезе во историјата со неколку неславни рекорди за финансиските пазари. Еве некои од нив: најголем месечен пад на индексот Дау Џонс Индастриал Авериџ (14%) од рецесијата во 1987 година; пазарите растеа остро нагоре и паѓаа стрмоглаво надолу, покажувајќи дневна нестабилност која според многу карактеристики е најголема дури од времето на 1929 година; најголеми збирни падови на капитализациите на светските берзи од неверојатни илјадници милијарди долари; најголем пад на пазарите на земјите во развој од кризата во Русија во 1999 година; најголем месечен пад на цената на нафтата од 1983 година; значително паднаа и регионалните берзи достигнувајќи нивоа што ги имале од пред многу години, итн., итн.

Повеќе

Проверете ја валканата вода што сакате да ја исфрлите: да не го фрлите и бебето!

Верица Хаџи Василева-Марковска, партнер, ААГ

Веќе петта недели финансиската криза не се симнува од врвните вести на речиси сите светски медиуми. Светската економија поминува низ рецесија, чијшто длабочина е најголема по Големата светска депресија од триесеттите години на минатиот век. Неколку работи се јасни: рецесијата нема да биде иста како претходната или претходните; никој не се осудува да предвиди како ќе изгледа нејзиниот тек, ниту колку време ќе трае; светската економија ќе биде различна по излегувањето од рецесијата…

Повеќе

Раздолжување е новиот слоган на глобалната финансиска заедница!

Верица Хаџи Василева-Марковска, партнер ААГ

Светските финансиски пазари здивнаа. Драмата на светските берзи во Конгресот во САД од последните три недели во пеокотот доби завршница – барем на една важна епизода.

Претседателот на САД, Џорџ Буш во петокот, на 3-ти Октомври, го потпиша Законот за итна економска стабилизација, неполни два часа откако Конгресот го изгласа. Нетрпеливоста на целата финансиска (и не само финансиска) публика да го добие овој закон беше подгреана особено откако во понеделникот Конгресот го одби првиот негов текст. Пазарот реагираше панично. Индексот Дау Џонс на 29-ти септември падна за рекордни 777 поени, а значително паднаа и берзите во Европа, Австралија и Јапонија…

Повеќе