Глоблната криза може да има и друго лице: таа дава можност за размислување – и поинакво позиционирање!

Верица Хаџи Василева-Марковска

Октомври нема многу добра репутација кај пазарите на капитал. Многу финансиски кризи почнале или се продлабочиле во октомври. Така беше и големата депресија од 1929-тата година, кога на 24 октомври (црниот четврток) почна најголемиот пад на пазарот и кога последователно се случија и црниот понеделник и црниот вторник. Имаше и други црни денови во октомври, на пример 19 октомври 1987 година, кога се случи најголемиот дневен пазар на берзата.

Таков беше и овогодишниот октомври, што со олеснување го испративме, и којшто веројатно ќе влезе во историјата со неколку неславни рекорди за финансиските пазари. Еве некои од нив: најголем месечен пад на индексот Дау Џонс Индастриал Авериџ (14%) од рецесијата во 1987 година; пазарите растеа остро нагоре и паѓаа стрмоглаво надолу, покажувајќи дневна нестабилност која според многу карактеристики е најголема дури од времето на 1929 година; најголеми збирни падови на капитализациите на светските берзи од неверојатни илјадници милијарди долари; најголем пад на пазарите на земјите во развој од кризата во Русија во 1999 година; најголем месечен пад на цената на нафтата од 1983 година; значително паднаа и регионалните берзи достигнувајќи нивоа што ги имале од пред многу години, итн., итн.

Повеќе

Leave a Reply