Alternative content

Banner

06.12.2007

Хуманитарен настан “AmCham го поддржува Контрапункт”

На 6 декември 2007 година - AAG – Analysis and Advisory Group учествуваше во хуманитарниот настан “ AmCham го поддржува Контрапунктот“, организиран од американската комора во Скопје, што се одржа во Музејот на современа уметност во Скопје. Контрапункт е групација за поддршка на младите македонски уметници при промовирањето на “културната децентрализација, демонополизацијата, демократизацијата, распределбата и распространетоста“, формирана во декември 2001 година. Оваа групација се занимава и со информирање на регионот и периферните области во земјата околу тековите на животот во Македонија. Почнувајќи од 2002 година, Контрапункт го раководи културниот центар “Точка“, кој организира јавни дебати, како и културни и уметнички настани, особено такви кои се фокусирани на разновидните улоги на уметноста во општеството.

ААГ почувствува дека е важно со свое учество да се вклучи во овој проект на американската комора, давајќи поддршка на младите алтернативни уметници, со што ќе придонесе за зголемувањето на свеста за важните општествени појави и ќе учествува во дискуси за модерниот живот во Македонија преку меѓународно признати медиуми.

На настанот со свои изложби се претставија два исклучителни уметници поддржувани од Контрапункт, а беше организиран и коктел. Неформалната организација им овозможи на присутните да научат повеќе за современата уметничка сцена во Македонија. Уметниците кои се претставија со свои изложби беа концептуалниот уметник Оливер Мусовиќ, кој презентираше свои десет графики под заеднички наслов “Уметникот“ и Жанета Вангели, нов медиумски уметник, која во своето деби пред публиката ги претстави своите дигитално процесирани фотографии под заеднички наслов “Анамнези“

Анкета

Планирате ли воспоставување/зајакнување на Систем за мерење учинок во вашата организација (pay for performance)?:

Архива