Alternative content

Banner

Јапонија - Три недели потоа

Катастрофалниот земјотрес и од него предизвиканиот висок бран кој го збриша брегот на североисточна Јапонија веќе трета недела го мобилизира светот за помош на настраданите. Иако снажно е чувството на емпатија заради човечките загуби и страдањето на преживеаните, кои без прекин се соочуваат со бројни предизвици, сепак не помалку моќно е чувството на восхит кое го побудува нацијата која манифестира единствен херојски и достоинствен начин на однесување и справување со криза.
 
Дисциплина и строга работна етика во услови на криза
 
Нацијата на Јапонија носи вредности на строг морален кодекс и белези на извонредно издржлив и цврст дух. Таа повторно го воодушеви светот со своето однесување во и околу оваа последна криза. Не само што изостана вообичаениот наплив на агресивно поведение меѓу луѓето, пораст на криминал и профитерство, кои се неминовни во услови на елементарни непогоди, во Јапонија се случува спротивното. Овие три недели фасцинира несебичноста на нацијата.
 
Повеќе...

Лидерството влијае на финансиските перформанси

Лидерството не е мода, ниту каприц во областа на човечките ресурси. Тоа влијае и е во право-пропорционален однос со профитабилноста на организациите, е заклучокот од меѓународната конференција на дистрибутери на Хоган Ассессмент Системс (системи за проценка на личност за деловна употреба).
 
И навистина, компаниите кои користат добри практики се токму најпрофитабилните. Тие се попродуктивни, поголеми, растат побргу, имаат повисока стапка на преживување. А дали ќе се применуваат добрите практики, или не, е детерминирано од високиот менаџмент. Односно од неговиот лидерски капацитет. Една од дефинициите за лидерството како способност да се заврши работата преку ангажирање други луѓе, пред сé значи способност да се изгради и сочува тим. А тимот е тој кој хармонично и со заложба вредно ќе работи на тоа да ги реализира поставените цели кои заеднички ги утврдил, односно пред сé правилно ги поставил. Тимот е тој кој ќе го одработи и најбитното за инвеститорите - ПНИ (повратокот на инвестициите).
 
Како да изградите добар лидер и какви практики на човечки ресурси да воспоставите со цел да го развиете и постојано унапредувате доброто и ефективно лидерство на сите нивоа во организацијата, беше една од главните теми на оваа конференција.
 
Повеќе...

Чудесна мотивациска драма

Минатата среда светот беше сведок на среќниот епилог и ја прослави победата над големата несреќа на вработените во рудникот во Чиле, која прерасна во една од најпозитивните драми кои светот глобално ги проследил.
Бројни гранки во науката, како организациското однесување, индустриската и организациска психологија, теоријата за управување, од сега ќе учат на овој моќен пример на извонредно тимско организирање во услови на екстремна криза.
 
А што всушност се случи?
Во центарот на оваа драма се најдоа 33 храбри рудари, сега национални херои, кои го стекнаа овој статус по првите 17 дена поминати на 700 метри под земја, а без никаков контакт со надземниот свет. За вкупно време од 69 дена под земја тие беа организирани во еден тип на „подземна заедница“ налик на деловна организациска формација, каде изградија извонреден тим кој финално ја оствари својата најбитна цел - битката за животот. Секој поединечно, сам за себе, никако не би ја преживеал оваа драма надвор од овој победоносен тим.
 
Повеќе...

Личноста и претприемништвото кај младите

Кусокот на ентузијазам кај младите да влегуваат во ризикот на претприемништвото треба првенствено да се разгледува од аспект на личноста. Не постои идентификуван ген за претприемништвото, и за оваа наклоност кон пресметани ризици, високи резултати и способност за градење тимови кои победуваат, може и треба да се гледа низ цртите на личноста на претприемачите. И, доколку примарната цел на секое претпријатие – големо, средно, или микро – е да обезбеди највисоко ниво на услуга, производ и вредност на секоја индивидуа, или организација која тоа од него го бара, на прв поглед се чини дека во оваа дефиниција нема ништо поврзано со личноста на претприемачот, нејзините аспирации за достигнување успех, голема заработувачка или слава. Но, овие двигатели за себе-остварувања сепак остануваат да бидат основниот битен двигател за креирање и развој на претпријатијата. Основно за личноста на претприемачот се неговата склоност да биде автономен, независен, со тенденција кон преиспитување, ориентиран кон резултати и спремност да се спротивстави на своите претпоставени. Покрај овие црти (мерливи низ Хоган тестот за личност) претприемачите се одликуваат и со специфични сет на вредности на личност. И тие се мерливи.

Повеќе...

Наука за личност за деловна употреба

Лидерите во бизнисот знаат дека луѓето се нивната најголема вредност. Тие, исто така знаат дека нивните луѓе, покрај “светлата“, поседуваат и сопствена “темна страна“. Целта на секој добар лидер е да ја познава и појача позитивната страна на своите луѓе. А кога лидерот ќе го постигне и секојдневно практикува ова умеење, тогаш сите заинтересирани страни ги искусуваат благодетите на врвните резултати креирани од синергијата во тимот.

Повеќе

Анкета

Планирате ли воспоставување/зајакнување на Систем за мерење учинок во вашата организација (pay for performance)?:

Архива