Alternative content

Banner

Што недостасува?

Глобалната финансиска криза (повторно) јасно упати на нужност од креирање ново лидерство. Цел е градење лидерство кое ќе влијае на другите поефективно, особено во нагорна и странична релација; ќе развие стратегиско размислување за постигнување подобар баланс во справување со кусорочните и долгорочни притисоци; ќе придвижи од функционална / секторска перспектива на поширока организациска перспектива, т.е. перспектива на заедницата и, секако, ќе креира клима и влијание за имплементација на стратегијата.

Повеќе

Зошто управување базирано на учинок

“Трите најбитни работи кои треба да се мерат во бизнисот се: задоволството на корисниците, моралот на вработените и готовинскиот тек. Доколку расте задоволството на корисниците, секако ќе расте и вашиот удел на пазарот. Задоволството на вработените ве води до зголемен учинок, квалитет и креативност. Готовинскиот тек е пулсот – основниот знак за живот на компанијата.” - Jack Welch, поранешен ГИД, Џенерал Електрик

Повеќе

Парадигми и промени

 

Парадигми и промени

Во годините кои доаѓаат успешна организација ќе биде онаа која ќе овозможи искористување на креативната енергија на нејзините луѓе кон постојано усовршување на процесите. Ваквото унапредување не значи и не може да им се наметне на луѓето, тоа мора тие самите да го одберат по слободна волја. Условите за овој слободен избор се креираат во најголема мера од менаџерите во рамки на секоја компанија кои донесуваат дневни одлуки за начинот како ќе ги управуваат и мотивираат своите луѓе / своите тимови...

Повеќе

Личноста и финансиското управување

 

Др. Роберт Хоган е автор на овој текст и основач на Хоган Асесмент Системс за чии производи на проценка на личност ААГ Комуникации е овластен дистрибутер за Македонија

Луѓето во светот на финансиите тежнеат да не обрнуваат премногу внимание на на личноста. Постојат бројни податоци кои го поддржуваат овој генерализиран став. Но, од личноста зависат одлуките кои ги носат финансиските менаџери. Успехот или неуспехот на секоја организација е всушност сума на одлуки кои лидерите ги прават на дневна основа. Несомнено е дека успехот на организацијата во многу зависи од личноста на лидерите. Земето го примерот на Lehman Brothers, 150 години стара инвестициска банка на Wall Street со 25,000 вработени ширум светот. Таа беше четврта најголема банка во светот и објави банкротство на 15 септември, 2008...

Повеќе

 

Раздолжување е новиот слоган на глобалната финансиска заедница!

 

Верица Хаџи Василева Марковска,партнер ААГ

Светските финансиски пазари здивнаа. Драмата на светските берзи во Конгресот во САД од последните три недели во пеокотот доби завршница – барем на една важна епизода. Претседателот на САД, Џорџ Буш во петокот, на 3-ти Октомври, го потпиша Законот за итна економска стабилизација, неполни два часа откако Конгресот го изгласа. Нетрпеливоста на целата финансиска (и не само финансиска) публика да го добие овој закон беше подгреана особено откако во понеделникот Конгресот го одби првиот негов текст. Пазарот реагираше панично. Индексот Дау Џонс на 29-ти септември падна за рекордни 777 поени, а значително паднаа и берзите во Европа, Австралија и Јапонија...

Повеќе

 

Анкета

Планирате ли воспоставување/зајакнување на Систем за мерење учинок во вашата организација (pay for performance)?:

Архива