Alternative content

Banner

Глоблната криза може да има и друго лице: таа дава можност за размислување – и поинакво позиционирање!

 

Верица Хаџи Василева-Марковска, партнер, ААГ

Октомври нема многу добра репутација кај пазарите на капитал. Многу финансиски кризи почнале или се продлабочиле во октомври. Така беше и големата депресија од 1929-тата година, кога на 24 октомври (црниот четврток) почна најголемиот пад на пазарот и кога последователно се случија и црниот понеделник и црниот вторник. Имаше и други црни денови во октомври, на пример 19 октомври 1987 година, кога се случи најголемиот дневен пазар на берзата. Таков беше и овогодишниот октомври, што со олеснување го испративме, и којшто веројатно ќе влезе во историјата со неколку неславни рекорди за финансиските пазари. Еве некои од нив: најголем месечен пад на индексот Дау Џонс Индастриал Авериџ (14%) од рецесијата во 1987 година; пазарите растеа остро нагоре и паѓаа стрмоглаво надолу, покажувајќи дневна нестабилност која според многу карактеристики е најголема дури од времето на 1929 година; најголеми збирни падови на капитализациите на светските берзи од неверојатни илјадници милијарди долари; најголем пад на пазарите на земјите во развој од кризата во Русија во 1999 година; најголем месечен пад на цената на нафтата од 1983 година; значително паднаа и регионалните берзи достигнувајќи нивоа што ги имале од пред многу години, итн., итн.

Повеќе

 

 

Проверете ја валканата вода што сакате да ја исфрлите: да не го фрлите и бебето!

 

Верица Хаџи Василева-Марковска, партнер, ААГ

Веќе петта недели финансиската криза не се симнува од врвните вести на речиси сите светски медиуми. Светската економија поминува низ рецесија, чијшто длабочина е најголема по Големата светска депресија од триесеттите години на минатиот век. Неколку работи се јасни: рецесијата нема да биде иста како претходната или претходните; никој не се осудува да предвиди како ќе изгледа нејзиниот тек, ниту колку време ќе трае; светската економија ќе биде различна по излегувањето од рецесијата...

Повеќе

 

Зошто во Македонија не се оформија инвестициски фодови?

 

Верица Хаџи Василева-Марковска, партнер, ААГ

Инвестициски фондови се специјализирани установи кои вршат колективно прибирање на средства со цел нив да ги инвестираат во хартии од вредност, или други финансиски инструменти. Значењето на инвестициските фондови е дека се тие многу успешни во прибирањето на релативно ситниот капитал од страна на правни и физички лица, и тој капитал потоа го инвестираат во внимателно одбрано портфолио на инвестиции, во основа хартии од вредност. За разлика од малите приватни инвеститори, фондовите се сметаат за информирани инвеститори, затоа што знаат повеќе за функционирањето на финансиските и пазарите на капитал и затоа што се управувани од професионални менаџери...

Повеќе

 

Апетит за истражување

 

Верица Хаџи Василева-Марковска, партнер, ААГ

Деновиве сме сведоци на засилената активност на Владата за привлекување на странски инвестиции. И тоа е веројатно во ред, и очекувано, со оглед на ниското ниво на инвестиции во периодот на транзиција на Македонија. Притоа треба да се води сметка за следново: истражувањата покажуваат дека (особено) малите земји не можат да привлечат многу инвеститори со широк маркетинг и дифузна реклама, односно тоа е многу скапо, или ако сакате - трошковно неефикасно: многу средства за трошат за релативно мал ефект. Многу поефикасен е целниот, директен маркетинг, каде што се фокусира вниманието на целни групи, па дури и на целни инвеститори...

Повеќе

 

Јапонија - Три недели потоа

Катастрофалниот земјотрес и од него предизвиканиот висок бран кој го збриша брегот на североисточна Јапонија веќе трета недела го мобилизира светот за помош на настраданите. Иако снажно е чувството на емпатија заради човечките загуби и страдањето на преживеаните, кои без прекин се соочуваат со бројни предизвици, сепак не помалку моќно е чувството на восхит кое го побудува нацијата која манифестира единствен херојски и достоинствен начин на однесување и справување со криза.
 
Дисциплина и строга работна етика во услови на криза
 
Нацијата на Јапонија носи вредности на строг морален кодекс и белези на извонредно издржлив и цврст дух. Таа повторно го воодушеви светот со своето однесување во и околу оваа последна криза. Не само што изостана вообичаениот наплив на агресивно поведение меѓу луѓето, пораст на криминал и профитерство, кои се неминовни во услови на елементарни непогоди, во Јапонија се случува спротивното. Овие три недели фасцинира несебичноста на нацијата. Бројни се примерите на меѓусебна помош во заедницата: од намалувањето на цените на производите во малопродажбата веднаш по катастрофата, со цел што повеќе корисници да стигнат до потребните производи, до бројните волонтери на сите возрасти кои самоиницијативно, се најдоа во најпогодените области да поделат основни намирници на настраданите и спасувачите. Ги гледаме и младите луѓе кои со цел да дадат придонес волонтираат со својата работа и чекаат во ред за да им биде одобрено да работат во прифатилиштата. Тие предводат со пример и водат кампања за намалување на потрошувачката за енергија во непогодените делови од земјата. Или пак, веднаш се враќаат во работното секојдневие, иако условите се далеку од редовните. Напротив, во крајно вонредни услови, само пар денови по катастрофалниот удар на земјотресот и цунами, ги видовме учениците на погодените области како дисциплинирано се вратија во училишните клупи, иако без огрев или електрика во снежни денови.
 
Национална култура на моќ за одржување фокус
 
Во овие три мачни недели меѓу нацијата изостанува дефокусирање од различна природа. На пример, дефокусирање низ меѓусебни обвинувања. Се чини дека околу оваа катастрофа во Јапонија поедини институции понудија прилично простор за обвинување. Од некогаш донесената одлука да се градат нуклеарни енергетски централи на така вулнерабилен терен, до сегашните поводи кои ги дава корпорацијата која стопанисува со оштетената нуклеарна централа: да не обезбеди соодветна заштитна опрема за вработените кои херојски волонтираа изложувајќи се на висок степен на радијација со цел да ги отстранат дефектите, да биде нетранспарентна, или пак неодамнешната грешна објава за нивото на радијација во околината. Но, и покрај ова, нацијата на Јапонија е единствена и одржува фокус на справување со последиците од катастрофата, заради што повторно заслужува достојна висока почит и восхит.
 
Кризата како катализатор
 
Иако дел од повозрасните Јапонци толкуваат дека настанувањето на катастрофата е ‘божја одмазда за ексцесите на конзумеризам меѓу младите’, доскоро втората светска економска сила погодена од досега најскапата криза која светот воопшто ја видел, никако не потпадна во очај. Напротив, тие без прекин и храбро се борат со сите предизвици кои ги носи секој нов ден, постојани земјотреси, опасност од нови цунами, радиоактивно загадување кое се зголемува. Гледаме млади луѓе кои никако не се резигнирани, тие напротив се енергизирани: ги носат своите вештини, време и пари за помош на погодените. ВО тој правец и лидерите на разни нивоа во земјата упатуваат и гледаат на кризата како катализатор кој ќе го смени правецот и ќе предизвика пресврт на долгогодишниот надолен тренд на земјата.

Анкета

Планирате ли воспоставување/зајакнување на Систем за мерење учинок во вашата организација (pay for performance)?:

Архива