Alternative content

Banner

Парадигми и промени

 

Парадигми и промени

Во годините кои доаѓаат успешна организација ќе биде онаа која ќе овозможи искористување на креативната енергија на нејзините луѓе кон постојано усовршување на процесите. Ваквото унапредување не значи и не може да им се наметне на луѓето, тоа мора тие самите да го одберат по слободна волја. Условите за овој слободен избор се креираат во најголема мера од менаџерите во рамки на секоја компанија кои донесуваат дневни одлуки за начинот како ќе ги управуваат и мотивираат своите луѓе / своите тимови.

Парадигмата претставува модел или образец. Парадигмите се од помош бидејќе ни овозможуваат да развиеме очекувања за можните случувања врз база на определени претпоставки. Но, кога реалноста ќе ни избега од нашите парадигми тоа тешко го согледуваме и прифаќаме. Тој феномен се нарекува ефект на парадигма. Кога овој ефект станува толку моќен што почнува да нé спречува да го видиме и она што е јасно пред нас, велиме дека се јавува парализа на прадигми.

За илустрација: колку често сте го слушнале следниов исказ: “Не е расипано, зошто да се поправа?” или примерот кога нова идеја или мисла се отфрла без размислување, сé само затоа што истата бара промена. Ваквите акции доаѓаат од мрзеливи умови. Во денешнината - не е скршено, е застарено и не му е потребно поправка, всушност значи: потребна му е замена.

Овој напис упатува на фактот дека перцепциите, парадигмите и промените играат клучна улога за успехот на лидерите и раководителите. Лидерите и раководителите за успех во работењето неопходно е да разберат кои се нивните сопствени парадигми, како и парадигмите кои нивните вработени ги носат со себе на работното место. Парадигмите креираат бариери на работното место кои не можат да се надминат се додека не се препознае нивното постоење. Врзани блиску за парадигмите се перцепциите кои исто може да имаат негативни ефекти за успехот. Низ сево ова промените се неопходни: како на сопствените, така и на оние кај вработените.

Цел на овој напис е промената на сфаќањето дека промената е несакана работа во нешто што е добро.

Да испитаме две парадигми за подобро разбирање на процесот.

Парадигма 1: Ништо нема да ги замени дактилографите како што е word processor-от и затоа секогаш ќе постои потреба од дактилографи. Оваа парадигма постоеше доскоро. Компјутерите беа скапи и застрашувачки, затоа секоја можност за замена на дактилографите беше далечна. Парадигмата се промени: Во денешните канцеларии word processing се извршува од вработените на сите нивоа на нивните персонални компјутери, вклучувајќи ги и раководителите. Дактилографите се застарени.

Парадигма 2: Банкарството секогаш ќе се одвива во банките. Парадигмата се промени: Банкарските трансакции денес се вршат во супермаркетите, киосците во тек на 24 часа во денот. Некои банки ја отфрлија промената, други ја прифатија. Парадигмата се промени повторно со можноста за банкарски трансакции од вашите домови, електронски, од вашите персонални компјутери.

Јоел Баркер, футурист, во студијата за парадигмите и нивните ефекти го опишал феноменот на “парализа на парадигми”. Поврзаноста за парадигмите е толку снажна така што виртуелно е неспособна за промена. Тој тврди дека парализата не е зависна од пол и возраст, едноставно некои луѓе се спремни за промена, а некои не. Тој нагласува дека правилото врзано за парадигмите е следно: кога настанува нова парадигма, се се ресетира на нула, односно се започнува започнува од ново. Размислете за парадигмите во вашето дневно живеење и ќе го разберете концептот.

Што се случува со производот кога настанува промена во парадигмата? Дали е можно да се изгуби се? Помислете на историјата на технологијата во последните пар децении. Познавате ли некој кој поседува / користи грамофон? Кола без карбуратор? Дали воопшто може да се сетите на имињата на произведувачите на овие производи?

 

Што можам да сторам да го спречам губењето на пазарот со пресврт на парадигмите?

Искрено, да се антиципира пресврт на парадигмите е повеќе како да се учествува на берза на акции од вредност. “Постои логика да се верува дека таа ќе биде висока” било кажано за многу производи кои не отишле никаде - и само мал дел, кои станале лидери на пазарот. Понекогаш производите кои требале да бидат следни парадигми не го привлекле вниманието од пазарот, и обратно, производите кои навидум немале таква шанса, ги пробиле продажните рекорди. Само по кусо размислување може да се сетите на вакви примери од искуството.

Различна перспектива може да направи пресврт на вашите производи во нова парадигма - доколку најдете вистински луѓе кои ќе ви помогнат да го интерпретирате тоа!

Каков е односот на искуството во работата во однос на парадигмите?

Може да станеме толку рутинирани на начинот на кои ги извршуваме работите, што воопшто да не размислуваме за тоа. Кога сме соочени со непозната задача бараме сличности со познатите и пренесуваме познати решенија на она што ни е непознато. Ова е бенефитот од искуството. Сосема е логично да продолжиме по овој пат, но истиот начин не чини слепи за разликите помеѓу задачите и за уникатниот предизвик и можност на новата задача. Тоа исто може да нé направи да направиме превид за различноста на целта на задачите, понатаму ограничувајќи ја нашата способност да бидеме успешни во нова. Што послични се задачите и што повеќе искуство имаме во слични активности, посигурни стануваме дека знаеме како да се справиме со новите задачи - и се потешко е за нас да бидеме успешни. Тоа се нарекува парализа на парадигми. Ги игнорираме суптилните разлики во целите на задачата, ги игнорираме новите алатки и идеи, нашите искуства, искуствата на другите и предностите во процесот кој сме го имале кога последен пат сме извршувале слична задача. нашето искуство може честопаи да гарантира добар резултат, но да го направи извонредниот резултат недостапен.

Да го избегнете ова секако треба да ги идентификувате сличностите помеѓу задачите и да го искористите претходно успешниот пристап. Искуството е корисно за проектот да се започне со применување на ефикасна техника. Но, исто, истражете дали постојат фини разлики во задачите и посакуваните резултати. Прашајте ги другите за нивните искуства и идеи и за резултатите од нивните претодни задачи и напори. Запрашајте: дали сеуште е потребно да работиме вака, дали ни е потребен овој чекор? Дали нема поедноставен, подобар, побрз начин да се сработи ова? Употребете флексибилност на парадигми: испитајте го секој чекор и претпоставка, секогаш кога го правите тоа.

Бидете внимателни кога ги пренесувате своите парадигми на другите. Како менаџер или лидер, доколку некој ве запраша за насоки и вие ги давате своите искуства вие ја пренесувате својата парадигма. Наместо тоа, пред да дадете инструкции запрашајте ги своите вработени за нивните идеи за решавање на проблемот. Тие имаат работно и лично искуство кои вие го немате и може да добиете нова перспектива или техника, или може да ви пренесат комплетно различен работен пристап од нивнто сопствено знаење. Ова се можности за унапредување на процесите - или дури и пресврт на парадигмите - кои може да останат неискомуницирани доколку давате инструкции наместо да разменувате идеи.

Само во растежот, реформите и промените, навидум парадоксално, ќе ја најдете сигурноста.

Anne Morrow Lindberg

Генерална перцепција е дека живееме во време на огромни промени, каде промените се низбежни и доколку менаџерите се спротивставуваат на промените ќе заостанат.

Профитирање од пресврт на парадигмите

Повеќето од нас виделе почеток на промени и одрекувале дека промените може да траат - иако тие промени им го преземале пазарот. Клучно за профитирање од пресвртот на парадигми е да ги ставите настрана своите субјективни перцепции за пресвртот и го утврдите актуелниот учинок и потенцијал на пазарот.

Да се разбере како настанува пресвртот на парадигмите набљудувајте ги промените на пазарот и објективно следете ги карактеристиките на прифаќање на пазарот на истите промени. Прашувајте ги другите што мислат тие и каде тие гледаат дека овие промени одат. Слушајте објективно - не со намера да се убедите себе си, туку да ги согледате бизнис импликациите на овие промени. Проследете како потенцијалниот пресврт на парадигми ќе влијае на вашиот производ и како вие би можеле да го адаптирате вашиот производ во склад со промените. Проследете ги надворешните податоци и публикации за пазарот и разговарајте со луѓето кои се надвор од вашета сфера на производство или услуги. Поделето го вашето знаење со другите вработени и брајате нивна поддршка во движењето на пазарот. Деперсонализирајте ги вашите ставови - не е важно што вие мислите, важно е што пазарот бара. Обидете се да им помогнете на другите да ги разберат нивниоте ставови (парадигми) така тие да станат пообјективни и проактивни. Поддржете ги и стимулирајте ги сите идеи и акции кои се насочени во нови правци.

Улогата на менаџментот

Вработените сакаат да бидат во победничкиот тим зошто работењето за водачите на пазарот е секогаш посакувано. Но, станување на дел од овие тимови кои се лидери на пазарот значи изложување и преземање одреден ризик. Ова е улогата на оние кои прават пресврт на парадигмите и улога на менаџментот во антиципирање и профитирање од пресвртот на парадигмите. Значи, да се биде во победничкиот тим значи да се антиципира пазарот и да се искористуваат можностите. Да се прави она што веќе го работите е сигурно и безбедно, конзистентно и очекувано. Тоа исто, може да биде опасно во присуство на пресврт на парадигмите. Со преземање добро осмислен ризик за да се надминат очекувањата го реализирате лидерството.

Сугестии за справување со промените

• Пронајдете ги самите пред тие да ве пронајдат вас. Излезете и барајте нови начини за работа. Дозволете да ги изненадите другите луѓе со промените кои ги правите.

• Што е можно поскоро идентификувајте ги и појачајте ги позитивните аспекти на промените.

• Кога промените Ви се посочени по прв пат работете на некои од вашите сопствени негативните чувства пред да реагирате на нив.

• Сфатете ги соработниците и препознајте ги нивните ограничувања. Од кои парадигми се условени нивните одлуки?

• Дефинирајте ги сопствените парадигми.

• Често разговарајте со други надвор од вашата област.

-Листата е преземена од Joel A. Barker’s "The Business of Paradigms"

 

 

Легална корупција

 

Верица Хаџи Василева-Марковска, партнер, ААГ

Една од темите за кои се разговараше во Порторож оваа година, на годишната деловна конференција беше темата на легална корупција, корпоратизам и клиентелизам, а во тој контекст се разви дискусија и за феноменот на тајкуните. Прашањата што се поставуваат се: Што всушност значат овие поими? Дали се тоа добри или лоши појави? Ако се лоши каква треба да биде борбата против нив? Дали постои општество без тајкуни? Какво треба да биде институционалното справување со нив?...

Повеќе

 

 

 

Анкета

Планирате ли воспоставување/зајакнување на Систем за мерење учинок во вашата организација (pay for performance)?:

Архива