Alternative content

Banner

Корпоративна општествена одговорност

Корпоративната општествена одговорност за ААГ е интегрален дел од начинот на кој работиме и клуч за нашиот успех. Веруваме дека таквата наша определба го претставува вистинскиот избор, и е основа за да го одржиме нашиот бизнис, развој и раст. Преку одговорно работење ние настојуваме да креираме вредност за општеството.

Нашата корпоративна општествена одговорност се базира на четири столба: деловниот кодекс, вработените, заедницата и грижата за околината.

Ние тежнееме кон економски резултати, и го правиме тоа на начин кој е фер за општеството, одржлив за околината, и ги почитува и поддржува човековите права во рамките на нашата сфера на влијание.

Корпоративната општествена одговорност се однесува на одговорно однесување и подобар бизнис.

Во ААГ, ние применуваме корпоративна општествена одговорност како пример на добри менаџмент практики, стремејќи се кон совршеност во корпоративната одговорност.

Стандардите на добри менаџмент практики се за имплементација и примена на стандарди кои се повисоки од тие поставени со националната регулатива. Ние го почитуваме законот и општествено прифатените начини на однесување, и нудиме здрави работни места, ја штедиме енергијата и останатите ресурси.

Ние ја подржуваме заедницата, примарно преку филантропски и про-боно активности.

 

Политика на ААГ за корпоративна општествена одговорност

ААГ сака да биде препознаена како корпоративно одговорна компанија. Ние правиме се што можеме за да работиме на начин кој е одржлив: економски, општествено и кон околината - во интерес за долгорочен успех на нашата компанија.

Нашите клучни вредности се базираат на фундаменталните права на секоја индивидуа, а тоа се заштитата на приватноста, слободата на мислење и изразување, слободата на здружување, недискриминација, и право да се биде слушнат.

  • Ние настојуваме да ги промовираме и заштитиме правата дефинирани во Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации во рамките на нашата сфера на влијание. Ние не толерираме кршење на човековите права во рамките на нашите деловни операции.
  • Нашите вработени се клучот на нашиот успех. Ние ги базираме нашите политики и практики на човечки ресурси на фер и отворен однос, како и взаемно почитување.
  • Ние не толерираме принудна работна сила и останати форми на експлоатација на трудот. Ние ги поддржуваме програмите за укинување на детскиот труд на начин конзистентен со основните права на детето.
  • Ние веруваме во конструктивен дијалог меѓу работодавецот и вработените.
  • Ние стремиме кон ефикасна употреба на природните ресурси и минимизирање на влијанието на околината на нашите активности.
  • Ние ги интегрираме принципите на корпоративна општествена одговорност во нашите деловни стратегии.
  • Ние даваме приоритет на оние деловни партнери, доверители и изведувачи кои ги делат нашите вредности за општеството и околината, и ги поддржуваме нивните напори за промовирање на овие вредности во нивните деловни активности.
  • Ние ја негуваме свесноста и ангажманот на нашите вработени кон оваа Политика, за што обезбедуваме и соодветни информации и тренинг за развивање на нивните вештини.

Анкета

Планирате ли воспоставување/зајакнување на Систем за мерење учинок во вашата организација (pay for performance)?:

Архива