Alternative content

Banner

Подготовка и водење на европски проекти

Можностите за европски извори на финансирање проекти за и во Република Македонија постојат и се отворени за јавните институции и за деловните компании. 

ААГ Комуникации ги здружува вештините за проектно управување и експертизата од областа на политиките на Европската Унија и нуди помош во:

  • идентификување и избор на соодветната европска програма која ги поддржува вашите потреби, 
  • дизајнирање на идејата/идеите за проектот,
  • пронаоѓање партнери и креирање мрежа на партнерства,
  • креирање соодветен буџет
  • подготовката на потребната документација за успешно аплицирање на предлог проектите,
  • целосниот процес на раководење со веќе прифатените ЕУ проекти, како и при
  • подготовката на редовните извештаи за истите

ААГ Комуникации е вашиот вистински партнер за подготовка, аплицирање и следење на имплементацијата на проекти финансирани преку  следните инструменти за финансиска поддршка:

  • Инструментот за претпристапна помош на ЕУ – ИПА преку компонентите: Транзициска помош и институционална надградба, Прекугранична соработка, Регионален развој, Развој на човечки ресурси и Рурален развој.
  • Други програми и инструменти како што се: Седма рамковна програма за истражување, Програма за доживотно учење, Рамковна програма за компетентност и иновации, Граѓани за Европа итн.
  • Учество и аплицирање на меѓународни тендери објавени од разни меѓународни фондови, организации и институции.

Во подготовката на проектите, тимот на ААГ Комуникации соработува со специјализирани партнер организации од Словенија, Албанија, Хрватска и останати земји од Европа.

 

контактирајте не' на aag@aag.com.mk

Анкета

Планирате ли воспоставување/зајакнување на Систем за мерење учинок во вашата организација (pay for performance)?:

Архива