Alternative content

Banner

Наука за личност за деловна употреба

Лидерите во бизнисот знаат дека луѓето се нивната најголема вредност. Тие, исто така знаат дека нивните луѓе, покрај “светлата“, поседуваат и сопствена “темна страна“. Целта на секој добар лидер е да ја познава и појача позитивната страна на своите луѓе. А кога лидерот ќе го постигне и секојдневно практикува ова умеење, тогаш сите заинтересирани страни ги искусуваат благодетите на врвните резултати креирани од синергијата во тимот.

Личноста е пресудна за креирање резултати
Познавањето на личноста е тренд во управувањето со човечките ресурси денес. Тоа дава основа за поседување ‘стратегиска самосвест’ (Хоган, 2009) и е основа за креирање план за професионален развој, т.е. поставување и работење на остварување на долгорочните цели во кариерата. Како ќе допрете што е можно пообјективно до својата и личноста на (идните) врбаотените? Како ќе ја спознаете личноста на оние вработени кои сакате да ги имате во вашиот тим, оние кои веќе сте ги идентификувале или ги планирате за развој во свои следбеници? Или можеби имате вработени, за кои сé уште не сте премногу сигурни каде точно во организацијата ќе го дадат својот највисок придонес, каде ќе се само-актуелизираат (Маслов)? Сетот на инструменти на Хоган Асесмент Системс, како стандард и глобален иновативен лидер во индустријата за проценка на личност, овозможува информација која им помага на организациите да ги одберат вистинските вработени, да развијат ефективни лидери и да ги идентификуваат талентите. Тоа е начин да ги оптимизирате човечките ресурси, низ добро водено менторство кое креира процес на промена и ја максимизира ефективноста на поединците и организацијата.

Истражувањата јасно упатуваат на фактот дека за добар учинок не се пресудни искуството, дипломите и вештините, ами токму личноста, што станува сé побитно како се качувате повисоко во скалилото на организациската хиерархија. Личноста е таа која креира однесување кое ги условува резултатите и е пресудна за правецот на движењето на организациите.
Ризикот за лошо работење
Што всушност нуди проценката на личност? Таа е алатка која дава прогноза на идниот учнинок, односно ризикот за лошо работење. А зошто е потребна информација за прогноза на ризите? Сите потфрлуваат во одредени околности, но најголемата штета за организациите е кога тоа им се случува на талентираните поединци, односно на раководителите од чии одлуки зависи целата организација. Низ извештаите на Хоган ќе ги спознаете причините кои го ограничуваат постојано високиот учинок имајќи информација за тоа како вашето однесување влијае на останатите, како да подобрите во тие релации и кои се вашите клучните вредности кои пред сé треба да се совпаднат со вредностите на организацијата.
Стратегиска самосвест – и како до неа?
Да поседувате стратегиска самосвест како раководител значи да се познавате себе си, како со своите силни страни, но и со своите само-саботирачки тенденции кои ве водат во одлуки и однесувања кои се штетни за работењето на тимот / организацијата. Останатиот дел, секако е, да ги спознаете луѓето во својот тим и да ги жнеете резултатите од нивното работење низ креирање амбиент за манифестирање на нивната најдобра страна. И, најбитно, да знаете дека реална цел е да го реализирате својот целосен потенцијал како лидер и потенцијалот на луѓето во својот тим низ советување каде ќе разберете повеќе за себе и своите цели во кариерата и развиете долгорочна деловна стратегија за сопственото лидерство од позиција на работно место на кое сега се наоѓате.

Тереза Серафимова, ХР консултант, психијатар, партнер во ААГ Комуникации (www.aag.com.mk) како дистрибутер на производите за проценка на личност на Хоган Асесмент Системс за Македонија

 

Анкета

Планирате ли воспоставување/зајакнување на Систем за мерење учинок во вашата организација (pay for performance)?:

Архива