Alternative content

Banner

Сведоштва

Програмата за управување со стрес на ААГ ми помогна се запознаам со можностите за управување со начинот на размислување и со стресот. Се научив да се рефокусирам на фактите што ги имам под контрола. Сметам дека секој би имал полза да одвои време и стекне свесност што е тоа што го предизвикува неговиот / нејзиниот стрес, да му се посочи на механизмите и да му се предложи конкретен план за справување со него.

Г. Весов, Ново Нордиск

 

 

Ние во Славеј го разбираме потенцијалот содржан кај нашите луѓе и знаеме колку е корисно е да поседуваме вреден партнер во процесот за вработување. Услугата за селекција на вработени и проценка на личност на ААГ, со користење на инструментите на Хоган во целост одговори на нашите потреби, добивме прогноза на однесувањето на идниот вработен со специфични насоки за негов развој. И по скоро три години од првата селекција задоволни сме од проценката на ААГ.

Г-н Горан Чалоски, Извршен директор, Ортопедски завод Славеј

 

 

Тимот на ААГ Комуникации советува, насочува, слуша, и поседува вистинска експертиза да не води во обезбедување финансиски средства од ЕУ фондовите. Задоволство е да се работи со динамичен, иновативен и секогаш достапен тим со чија помош се финансираше еден проект, а продолжуваме заеднички и понатаму да работиме на нови проектни предлози. Добивате повеќе одошто плаќате.

Г-а Васка Леонтич – Студио & Академија Леонтич

 

 

Добро структурирана програма со извонредно модерирање која ни помогна да затвориме претходно долго незатворени прашања. Направивме голем напредок. ААГ го обединуваше тимот на истражување на вистинските цели, ги идентификуваше вистинските активности за фокус на клучните стратегиски области. Извонредна можност за евалуација и насочување за тоа каде сме и каде одиме за реално да стигнеме таму.

Г-а Валентина Тасева, Генерален директор, Семос Едукација

 

Анкета

Планирате ли воспоставување/зајакнување на Систем за мерење учинок во вашата организација (pay for performance)?:

Архива