Alternative content

Banner

Личноста и претприемништвото кај младите

Кусокот на ентузијазам кај младите да влегуваат во ризикот на претприемништвото треба првенствено да се разгледува од аспект на личноста. Не постои идентификуван ген за претприемништвото, и за оваа наклоност кон пресметани ризици, високи резултати и способност за градење тимови кои победуваат, може и треба да се гледа низ цртите на личноста на претприемачите. И, доколку примарната цел на секое претпријатие – големо, средно, или микро – е да обезбеди највисоко ниво на услуга, производ и вредност на секоја индивидуа, или организација која тоа од него го бара, на прв поглед се чини дека во оваа дефиниција нема ништо поврзано со личноста на претприемачот, нејзините аспирации за достигнување успех, голема заработувачка или слава. Но, овие двигатели за себе-остварувања сепак остануваат да бидат основниот битен двигател за креирање и развој на претпријатијата. Основно за личноста на претприемачот се неговата склоност да биде автономен, независен, со тенденција кон преиспитување, ориентиран кон резултати и спремност да се спротивстави на своите претпоставени. Покрај овие црти (мерливи низ Хоган тестот за личност) претприемачите се одликуваат и со специфични сет на вредности на личност. И тие се мерливи.

Повеќе...

Кога се зборува за претприемништво не се мисли само на мали бизниси. Напротив, терминот води до личностите како што се Џобс, Гејтс, Брансон и Цукерберг. Инспиративни господа и секој од нив со вредност од милијарди долари. Независно од величината на овие успешни приказни, секоја започнува како микро претпријатие. И, повеќето остануваат такви. Некои од нив ќе допрат до мал број луѓе, некои до многумина. Но, заедничко во личноста на претприемачите е нивниот стремеж за размислување и сонување на голема приказна, поточно огромна приказна.

Што недостасува за реализирање на овој дел од личноста и достигање праг на одлуката кај младите за стартување сопствен бизнис и само-вработување? Иако притоа повеќе мислиме на индивидуалната психологија кога го разгледуваме проблемот, секако, не треба да заборавиме на позадината во бихејвиоралниот образец во општеството. И кога се приоѓа кон решавање на проблемот потребно е да се менува овој образец, каде се поттикнува иницијатива за проширување на образование за претприемништво.

Претприемништвото е животен стил и на младите им е потребна култура на победништво како предуслов да го развијат овој мајндсет. Но, покрај културата на победништво, во иста мера, на младите им е потребна и вештина за справување со неуспехот. Односно, поседување доволно знаење дека неуспехот не е стигма, туку е само процес на учење - дел од кривата на учење која никогаш не сопира. Тие вредности треба да се градат и во општеството и тоа на сите нивоа. Државата треба да внимава што охрабрува со своите поединечни мерки и активности. Доколку општеството постојано им ја упатува пораката дека крајната цел е да се работи во јавна администрација и дека сигурноста на работното место е најважната работа, тогаш не е ни чудно зошто тоа е исходот како образец на однесување кон кој прибегнуваат повеќето од младите кај нас.

Нужно е поместување на парадигмите на сите нивоа. Младите претприемачи се тие кои ќе придонесат за економски развој на општеството и зголемување на вработливоста со мисија и визија и додадена вредност преку нивниот динамизам, ангажираност, страст, иновативност и креативност.

А целта на образованието за претприемништво е главно да го поттикне претприемничкиот мајнд сет: да развие претприемнички вештини и воспоставуви претприемничка култура. Од друга страна пак образованието кај нас поттикнува култура на “учи-тоа-што-ти-велам”, повеќе отколку “учи-по-пат-на обиди-и грешки”. Односно, културата во образованието не поткрепува доволно критичко размислување, иновативност и креативност. И без да се навлегува во аспектите како што се пристап до финансиски извори, деловна клима, административни бариери, сé додека не се воспостави тој образец во образованието ќе постои кусок претприемачи, но и кусок на научници и иноватори, поединци кои ќе преземаат иницијатива и ќе бидат себе-доволни. Претприемништвото кое прераснува во лидерство бара понатамошно балансирање на бројни спротивставени тенденции: фокусирање на луѓето, наспроти тековните задачи; фокус на долгорочните, наспроти кусорочните резултати. Во секој случај, успехот на младите ново-регрутирани претприемнички лидери зависи од нивната моќ на личност за развивање капацитет за стратегиска самосвест – она што во Хоган Асесмент Системи го нарекуваме свесност за сопствените силни страни и ограничувања во однос на себе и останатите.

Тереза Серафимова - ХР консултант, психијатар www.aag.com.mk

Анкета

Планирате ли воспоставување/зајакнување на Систем за мерење учинок во вашата организација (pay for performance)?:

Архива