Alternative content

Banner

30.01.2012

FIRST TIME MANAGER - ЗАЧЕКОРЕТЕ СИГУРНО НА МЕНАЏЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА!

    Чекор нагоре
    Штотуку сте промовирани на раководна позиција? Или се подготвува Вашата промоција? Сé што знаете е дека имате кратко време да стасате на врвот од новата позиција и продолжите напред. Можеби сакате да покажете дека сте подготвени за следното скалило, да бидете забележани како потенцијален менаџер?
     
    Една од посложените транзиции во кариерата е онаа од извршител во улога на раководител.Сега имате можност добро да се подготвите и да осигурате успех! Работилницата FIRST TIME MANAGER Ви овозможува стекнување знаење и вештини за справување со трансформацијата во раководна улога и одговорностите на ефективно управување.
    Програмата на обуката и дискусиите ќе Ве натераат да ги преиспитате сопствените обрасци на раководење во такви кои ja негуваат креативноста и создаваат организациска култура во чие ткиво е вткаена иновативноста на тимовите.
    Во текот на работилницата, низ вежби и активности дизајнирани за симулирање одредени предизвици во улогата на раководење со тимови, ќе развиете стратегиска самосвест и лична агенда на раководење за првите 90 дена, како и сет на нови алатки за раководење во Вашата организација.
     
     
    Теми опфатени низ програмата
  • Вашето позиционирање во улога на раководител
  • Направете сопствена промоција- изградете почетна видливост
  • План за преод
  • Забрзајте го своето учење
  • Прилагодете ја сопствената стратегија на опкружувањето
  • Остварете брзи резултати
  • Преговарајте за успех
  • Усогласете се
  • Изградете моќен тим
  • Иновативноста како клучна одлика на Вашиот тим
  • Умешно менторство и коучинг
  • Креирајте партнертва
  • Одличност на учинокот
  • Вашиот план за раководење за првите 90 дена
  • Сочувајте баланс - стратегии за управување со стрес и време
  • Внесете темпо, остварете резултати, осигурајте успех
     
     
    Кој треба да присуствува
    Програмата е наменета за:
  • вработени со висок потенцијал, кои се подготвуваат да предводат и сакаат во кусо време да развијат вештини на раководење
  • ново-назначени раководители, кои се наоѓаат во периодот на ориентација на своите нови работни позиции.
  • професионалци кои се подготвуваат за следниот чекор во кариерата – менаџерска позиција
    Обучувачи
    Тереза Серафимова – Консултант за човечки ресурси www.aag.com.mk/hogan
    Наташа Ивановска – Сертифициран тренер и Бизнис коуч
    Време, место и цена на одржување
    Февруари 28 и 29 2012, од 10:00 – 16:00, АМЧАМ Македонија. Цена: 6100 МКД.
    Пријавување за настанот направете на: aag@aag.com.mk.
     

Анкета

Планирате ли воспоставување/зајакнување на Систем за мерење учинок во вашата организација (pay for performance)?:

Архива