Alternative content

Banner

20.01.2017

Пријавување за летна школа за енергетика

14.00
Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Енергетска Ефикасност (ORF-EE), имплементиран од страна на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ), заедно со Енергетската Заедница од Виена, организираат Летна школа 2017. Летната школа ќе се одржи во Охрид во Конгресниот Центар на Универзитетот св Кирил и Методиј, во периодот помеѓу 26-ти август и 2-ри септември 2017 година, а Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии е домаќин оваа година.
Школата е наменета за студентите на магистерски или докторски студии, младитe експерти, истражувачи, невладиниот сектор, вработените во јавните институции итн. кои доаѓаат од Европа и пошироко. Тема на школата ќе биде енергија и други релевантни под-теми кои се поврзани со енергијата како главна тема. Предавачи на програмата ќе бидат реномирани високо квалификувани експерти од Европската Унија и регионот. Сите материјали од Летната школа одржана во 2016-та година можете да ги најдете на следниот линк.
 

Анкета

Планирате ли воспоставување/зајакнување на Систем за мерење учинок во вашата организација (pay for performance)?:

Архива