Alternative content

Banner

16.11.2007

Деветта Порторошка бизнис конференција

15 и 16 ноември 2007 година - Деветата Порторошка бизнис конференција се одржа на во прекрасниот приморски град Порторож. Оваа конференција веќе е препознатлива како една од најпознатите бизнис конференции во Словенија и привлекува сė повеќе бизнисмени од централна Европа. Конференцијата се одржува еднаш во годината во организација на Економскиот факултет на Универзитетот во Љубљана и словенечкиот дневен финансиски магазин Финанце. Главните теми на конференцијата вообичаено се одбираат по внимателно истражување на потребите на пазарот.

Главна тема на конференцијата одржана во 2007 година беше “Стратешкото реструктурирање на компаниите по глобализацијата“. Почесен гостин и главен спикер беше г-дин Јошка Фишер, поранешен министер за надворешни работи на Германија и еден од најпознатите европски политичари. Слично како и други години, и овогодишната конференција ги потврди своето реноме и високата профилираност. На конференцијата присуствуваше и словенечкиот претседател, д-р Данило Турк.

Веќе традиционално, бизнис конференцијата во Порторож особено внимание посветува на случувањата во југоисточна Европа. Специјален фокус оваа година и беше доделен на Македонија со темата “Како да се пробиеме во кругот на развиените економии“. На учесниците на конференцијата и на читателите на Финанце им беа презентирани претходно селектирани дванаесет претприемачки проекти на македонски компании. AAG – Analysis and Advisory Group, заедно со македонскиот економски неделен магазин Капитал и со други две словенечки компании, помогнаа во пронаоѓањето, изборот и селекцијата на претприемачките проекти и асистираа при презентирањето и изготвувањето на материјалите за подготовката на конференцијата, како и на самите конференциски материјали. Проектите кои беа презентирани беа од областите на туризам, недвижности, козметичка индустрија, заштита на животната средина, прехрамбена индустрија, текстилна индустрија, индустријата за апарати за домаќинство, градежништво и земјоделство. Како додаток на презентацијата на проектите, се одржа и тркалезна маса, на која главен учесник беше г-ѓа Верица Хаџи Василева Марковска, партнер во AAG – Analysis and Advisory Group. Таа воедно беше и единствен македонски претставник меѓу учесниците на тркалезната маса, која ја сочинуваа словенечки инвеститори и експерти за состојбите во Македонија.

Анкета

Планирате ли воспоставување/зајакнување на Систем за мерење учинок во вашата организација (pay for performance)?:

Архива