Alternative content

Banner

AAG Услуги

Нашите услуги вклучуваат повеќе области:

 

Помош на владините институции и организации, меѓународните финансиски и донаторски организации, невладините организации и локалните самоуправи

  • Имаме искуство во подготвување на извештаи за специфични деловни прашања или сектори на економијата.
  • Можеме да понудиме или да организираме совет за одредени аспекти на економската политика.
  • Можеме да помагаме на локални самоуправи, особено во следните области:

- Локален економски развој
- Финансиски менаџмент
- Приватно – јавни партнерства

 

Помош во обезбедување информации за бизнис околината

Имаме темелни знаења за бизнис околината во Македонија, а исто така градиме мрежа и способности за дејствување во соседните земји. Можеме да им помогнеме на нашите клиенти во целокупното разбирање на правната регулатива или на само некој одреден аспект од неа.

 

Помош на секторот на претпријатијата

  • Бизнис и финансиски анализи
  • Финансиски анализи за работењето на сопственото или на некои други друштва
  • Помош во дизајнирање и имплементирање на процесот на контролинг
  • Помош во развивање на бизнис планови
  • Инвестициони анализи
  • Консултантски услуги од областа на управувањето со човечки ресурси
  • Специјално дизајнирани консултантски работи

 

Обезбедување на совети за трансакции

Имаме огромно искуство во различни трансакции. Нашите професионалци биле инволвирани во речиси сите големи приватизации и во поголемите значајни трансакции во Република Македонија. Им помагаме на нашите клиенти во следниве области:

  • Идентификација и анализа на целни друштва
  • Длабински анализи
  • Проценка на вредноста на средства и друштва
  • Помош во структуирање на трансакции
  • Помош во преструктурирање, реорганизација, стечајни процеси

 

 

Анкета

Планирате ли воспоставување/зајакнување на Систем за мерење учинок во вашата организација (pay for performance)?:

Архива