Alternative content

Banner

Партнери, Советодавен одбор и вработени во ААГ

 

Партнери

- Верица Хаџи Василева Марковска

е менаџер партнер на ААG-Analysis and Advisory Group. Таа има огромно искуство во деловни консултации, советувања за прашања на економската политика во специфични области, поврзани со различни аспекти на бизнис климата во Македонија.

Пред да се придружи кон ААG-Analysis and Advisory Group, таа беше партнер во Ernst & Young, а пред тоа беше директор на Агенцијата за приватизација на Република Македонија. Почетокот на нејзината кариера се одвиваше во Економскиот институт во Скопје. Верица е автор и ко-автор на неколку книги, бројни истражувања и проекти, издадени во земјата и во странство.

Магистер е на економија на Универзитетот СВ. Кирил и Методиј во Скопје и има завршено пост-дипломски специјалистички студии на Свинбурн Универзитетот за Технологија во Мелбурн, Австралија. Верица е овластен проценител, ревизор и медијатор во Македонија. Член е на Советот на Народната Банка на Република Македонија и на Советот за унапредување и развој на ревизијата. Таа е една од основачите и прв претседател на Американската комора во Македонија.

 

Советодавен одбор

- Академик Таки Фити, Македонска Академија за наука и уметност и Економски факутлет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј - Скопје

- Д-р Сашо Георгиевски, Професор, Правен Факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје

- Газменд Кадриу, Директор, Унион Банка, Албанија

 

Нашите вработени

Ги избираме нашите вработени врз основа на нивните знаења, стручност и способности за развивање на нивниот капацитет за обезбедување најдобра услуга за нашите клиенти. Негуваме атмосфера за зголемување на апетитот и отвореноста кон нови учења, развој на нови способности и потенцијал за работење на различни задачи. Се обидуваме да градиме пријатна работна атмосфера за нашиот персонал.

Анкета

Планирате ли воспоставување/зајакнување на Систем за мерење учинок во вашата организација (pay for performance)?:

Архива