Alternative content

Banner

За нас

ААГ - Analysis and Advisory Group е динамично консултантско друштво регистрирано во Скопје.

Основа на услугите на ААГ е долгогодишното и разновидно консултантско и советничко искуство на партнерите, вработените и соработниците. Нивното одлично познавање на правните, деловните и економските состојби во окружувањето му овозможуваат на ААГ да обезбеди специјално обмислени и ексклузивни услуги на своите клиенти.

ААГ гради тим со македонските компании обезбедувајќи им консултантски услуги при трансакции, помош при воспоставување и одржување на контролинг процесите, проценка и воспоставување на практиките за управување со човечките ресурси, процесите на реорганизација и други, специјално дизајнирани консултантски и советнички услуги.

Се повеќe странски консултанти и компании кои сакаат да работат во Македонија нѐ препознаваат како партнер кој поседува познавања од различни области

ААГ е честопати ангажиран од Владата на Република Македонија, од општините и од меѓународните финансиски и донаторски институции за изготвување анализи на економските политики и давање препораки за различни прашања од областа на: ЕУ интеграциите, јавниот финансиски менаџмент, јавно приватното партнерство, локалниот економски развој и други прашања.

ААГ учествуваше во изготвувањето на неколку публикации за Македонија издадени во Англија, Германија, Грција, Словенија и.т.н.

Анкета

Планирате ли воспоставување/зајакнување на Систем за мерење учинок во вашата организација (pay for performance)?:

Архива