Апетит за истражување

Верица Хаџи Василева-Марковска, партнер, ААГ

Деновиве сме сведоци на засилената активност на Владата за привлекување на странски инвестиции. И тоа е веројатно во ред, и очекувано, со оглед на ниското ниво на инвестиции во периодот на транзиција на Македонија. Притоа треба да се води сметка за следново: истражувањата покажуваат дека (особено) малите земји не можат да привлечат многу инвеститори со широк маркетинг и дифузна реклама, односно тоа е многу скапо, или ако сакате - трошковно неефикасно: многу средства за трошат за релативно мал ефект. Многу поефикасен е целниот, директен маркетинг, каде што се фокусира вниманието на целни групи, па дури и на целни инвеститори…

Повеќе

Легална корупција

Верица Хаџи Василева-Марковска, партнер, ААГ

Една од темите за кои се разговараше во Порторож оваа година, на годишната деловна конференција беше темата на легална корупција, корпоратизам и клиентелизам, а во тој контекст се разви дискусија и за феноменот на тајкуните. Прашањата што се поставуваат се: Што всушност значат овие поими? Дали се тоа добри или лоши појави? Ако се лоши каква треба да биде борбата против нив? Дали постои општество без тајкуни? Какво треба да биде институционалното справување со нив?…

Повеќе